Македонија Новости Став Топ Вести

Мицкоски: Индустриското производство во jули годинавa порасна за 4,1% споредено со истиот месец минатата година

„Континуираниот раст на индустриското производство е многу добра вест за македонската економија. Индустриското производство во Јули оваа година порасна за 4,1% споредено со истиот месец минатата година. Јули е првиот индикатор за третиот квартал од 2025 година.“, објави премиерот Христијан Мицкоски на својот профил на „Фејсбук“.

„Преработувачката индустрија е носечки фактор за порастот на индустриското производство со раст од 7% споредено со истиот месец минатата година. Кумулативно индустриското производство од почетокот на годината заклучно со месец Јули  (во првите седум месеци од 2025 година) порасна за 3% споредено со истиот период минатата година, а преработувачката индустрија порасна за истиот период 4,5%. Целосно се менува структурата на македонската економија.

Факти:

-расте бројот на туристи и бројот на ноќевања,

-расте бруто-домашниот производ,

-расте цената на откуп на земјоделските производи,

-расте градежништвото,

-расте трговијата итн…

Од земја во која криминалот и корупцијата беа секојдневие, а анти националната политика беше заштитен знак за владата, сега сме земја на економски раст, победи и стабилност. Чекор по чекор ќе направиме и многу повеќе. Нема откажување. Патриотска политика на дипломатијата со цел заштита на националните интереси.“, напиша Мицкоски.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *