Ивановска: Сопствениците на скопските клубови имаат силно влијание врз луѓето кои ја издаваат потребната документација
Поранешната претседателка на Антикорупциска комисија, Билјана Ивановска, вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ „21“ истакна дека во ДКСК добиле пријава за неправилности на неколку локали низ Скопје, но на крајот како заклучок се наметнало дека постои силно влијание на сопствениците на локалите врз луѓето во институциите задолжени за издавање на потребната документација за издавање лиценци за работа како ноќни клубови, дискотеки и кабареа.






