Изет Меџити вели дека како коалиција Влен, нема да инсистираат да има уставни измени само за државните симболи, грбот и химната, и за замена на терминот 20 отсто со „албански јазик“. Тој вели дека сега засега нема политички договор за промена на државните симболи и дека се водат прелиминарни разговори.
Меџити вели дека „приоритет се столбовите на владината програма и приоритет над приоритетите се евроинтеграциите. Ако сакаме да ги разговараме, ние не бегаме, нема табу теми, ќе седнеме да маса како за внатрешните теми, така и за Бугарија, којашто ние е сосед, член на ЕУ, партнер во НАТО. Ние цениме дека тие треба да ни помагаат во тие процеси и ние како претставници на Албанците ќе гледаме да влеземе во ова со позитивна енергија, да го помагаме процесот“.
Тој зборува и за пресвртот што го направи ДУИ во 2017 кога одби да влезе во владата кога на чело на ВМРО-ДПМНЕ беше Никола Груевски. Меџити беше еден од клучните луѓе во ДУИ кои го одвратија Али Ахмети да ја продолжи коалицијата со Груевски.






