Македонија Новости Став Топ Вести

Мицкоски пред полицијата и обвинителството соопшти дека Васко Ковачевски не е во државава


Од утринава полицијата и обвинителството за гонење организиран криминал се во голема акција на приведување осомничени за сторени злоупотреби во ЕСМ, РЕК „Битола“, РЕК „Осломеј“ и ТЕЦ „Неготино“. Во оваа акција, прво се појавија информации дека наводно е уапсен поранешениот директор на ЕСМ Васко Ковачевски, заедно со уште десетина други лица.

Но потоа се појавија  други информации, Васко Ковачевски не е меѓу уапсените, затоа што поранешниот директор на ЕСМ во септември или октомври ја напуштил државава.

Најпосле овие недоумици ги расчисти самиот премиер Христијан Мицкоски, кој и пред обвинителството и пред полицијата соопшти дека Васко Ковачевски не бил во државава. „Очекувам брзо да биде обезбеден пред правдата и сите да дадат одговор за овие основи на сомнение“, изјави премиерот Мицкоски.

„Од информациите кои ги имам и сум запознаен од страна на МВР, станува збор за добро организирана група на високи претставници на компанијата и лица кои управуваат со други правни субјекти, за кои постои основано сомнение дека направиле криминал од околу 6,5 милиони евра. Многу докази се најдени, но тоа ќе го оставам на обвинителството, на судовите. Мора да веруваме на презумпцијата на невиност. Бевме обвинувани дека многу малку органите на прогонот превземале чекори во насока на обезбедување на лица кои се организирале или индивидуално постојат сомневање дека сториле криминал. Ние баравме трпение бидејќи мора да имаме јасна процедура и докази, но и да соработуваат двата клучни столба, а тоа се обвинителството и судството. Таму сѐ уште постојат структури кои се повеќе лојални на претходната влада отколку на правдата. Како да гледам полека во последно време, сѐ повеќе се приближуваат да и бидат лојални на правдата отколку на тие на кои претходно им слугувале“, додаде премиерот.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *