Македонија Новости Став Топ Вести

Ова се загинатите во железничката несреќа во Нови Сад, најмладата жртва има само 5 години

Во трагедијата што се случи во петокот на Железничката станица во Нови Сад, животот го загубија 14 лица.

Меѓу загинатите има и четири деца. Меѓу жртвите има и две девојчиња, една девојка и еден дечко кои тргнале да прослават роденден, додека најмладата жртва има само 5 години. Меѓу 14-те загинати има и маж од Македонија.

Васко Саздовски (45) Македонија

Комар Немања (17) од Степановиќево

Руман Андела (20) од Стара Пазова

Ѓорѓе Фириќ (53) од Ковиље

Фириќ Валентина (9) од Ковиљи

Фириќ Сара (5) од Ковиљи

Адамовиќ Милица (16) од Каќ

Милева Карановиќ (76) од Каќ

Арбутина Ќириќ Сања (35) од Каќ

Хрка Стефан (27) од Белград

Милосављевиќ Милош (21) од Кничанин

Швоња Ѓуро (77) од Степановиќево

Раковиќ Вукашин (69) од Буковац

Раца Горанка (58) од Нови Сад

Меѓу загинатите е и Васко Саздовски (45), научник од Македонија, кој работел во Институтот Биосен во Нови Сад, каде што се истражуваат и развиваат информатичките технологии за земјоделството. Зад себе ги остави сопругата и двете деца.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *