Култура Македонија Новости Став Топ Вести

Македонската гајда на листата на нематеријално културно наследство на УНЕСКО

Гајдата се најде на листата нематеријално културно наследство на УНЕСКО. Директорката на Управата за заштита на културно наследство, Весела Честоева вели дека гајдаџиите кои целиот свој живот го посветиле на негувањето на овој инструмент придонеле кон овој успех кој значи сериозна промоција на македонската култура и традиција.

„Па можам да истакнам дека сме презадоволни од самата Сесија на Меѓувладиниот комитет на Конвенцијата за заштита на нематеријалното културно наследство, бидејќи токму во овие моменти успеавме да ја впишеме гајдата. Македонија оваа година имаше поднесено номинација заедно со Република Турција за впишување на гајдата на репрезентативната листа“, вели Весела Честоева, директор на Управата за заштита на културното наследство

Впишувањето на листите на УНЕСКО, претставува обврска за државите но и можност за промоција на националното богатство во глобални рамки и зачувување за идните генерации.

„Во име на минатите, сегашните и идните генерации изразувам благодарност на евалуционата комисија и комитетот за впишување на македонската гајда на репрезентативната листа. Ви благодариме УНЕСКО“, појасни Весела Честоева, директор на Управата за заштита на културното наследство

Гајдата е заштитена и запишана како заедничко богатство на Македонија и Турција. Нашата држава за прв пат се впиша во листите на УНЕСКО за нематеријално културно наследство во 2013-та, а оттогаш се заштитени вкупно седум обичаи, занаетчиски техники и танци.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *