Ќе се зголемат платите на медицинскиот персонал, покачување се очекува и во други сектори
Ќе се зголемат платите и на медицинскиот персонал, откри министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска.
Таа не кажа колку ќе изнесува покачувањето, но најави дека ќе го има. По зголемување на платите во образованието, вели дека мора да се покачат и платите на вработените во здравството, не но на докторите, чии плати изминатиот период бележеле пораст
Очекуваме сега и во здравството да видиме, особено за медицинско-техничкиот персонал. Докторите ги исклучувам овде бидејќи тие во минатото имаа повеќе покачување. Не велам дека можеби нема да бидат опфатени, но фокусот ни е повеќе на техничките служби, медицинските сестри, вели министерката.
Ако се полни буџетот со ваква динамика, како во изминативе 100 дена, ќе има и за покачување на платите во другите сектори, вели Кочоска.
Најголема наплата има токму во Царината. Директорот вели дека натрфиле во сите области.