Македонија Новости Став Топ Вести

Влен: Eдинството е клучот на успехот а не во клеветењето

Коалицијата „Вреди“  на вчерашните прозивки на политичките опоненти ДУИ за непочитувањето на Охридскиот договор и начелата во него велат дека во времиња на тектонски политички промени, во кои ДУИ и нејзините сателити клеветат, измислуваат и подготвуваат амбиент за оспорување на придобивките на Охридскиот договор заради заштита на криминалот, е од суштинско значење да се обединат уште посилно.

Во партиското соопштение од „Вреди“ се истакнува дека целта  на коалицијата е да се биде политичкиот партнер во Владата кој не само што ќе ги идентификува и решава секојдневните проблеми на Албанците, туку и ќе нуди конкретни и остварливи решенија за поставување фундаменти за сигурна иднина.

-Вреди“ го истакнува недвосмисленото единство и посветеност на заедничките принципи, вредности, идеологија и програмски заложби, потенцираат од коалицијата. Во соопштение до јавноста посочуваат дека тие остануваат на целта да прераснат и да се развиваат во политичко движење кое ќе одговори на потребите на Албанците со добро дефинирани стратешки чекори – се наведува во соопштението од коалицијата Вреди.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *