Фото: Принтскрин youtube,
Американскиот претседател Џо Бајден повтори дека „нема намера да замине“ соочен со на повиците од многу демократи да ја прекине својата кандидатура за реизбор.
Тој ја искористи прославата на Денот на независноста за да возврати на сомневањата за неговата издржливост и ментална острина.
На приемот едно лице од публиката извика: „Продолжете да се борите! Ни требате!“. Американскиот претседател не остана должен: „Можете да сметате на мене. Немам намера да заминам“, повторувајќи го неговото ветување дека ќе остане во трката и покрај зголемените повици за негово повлекување.





