Македонија Новости Став Топ Вести

Исмаил кон Мицкоски: Ви понудивме унитаризам – Избравте етнотрибализам

„Да ви укажам благодарност за тоа што како Турчин ме поканивте да бидам дел од вашата Влада. Но, да ве потсетам, дека јас како дел од мојата пратеничка група на Левица ви предложивме, согласно со еден од најголемите револуционери на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк, во согласност со неговите идеали за унитарна, секуларна и еднојазична Република, ви предложивме Македонска Платформа!“

Што направивте вие? – Ја одбивте! Одлучивте да продолжите со етно-трибализмот наместо со унитаризмот. Од тука, гледајќи ја оваа предлог програма уште повеќе ми се потврди ставот дека е добро што ве одбив да бидам дел од вашата Влада. Затоа што ние не сакаме да продолжиме со она каде што застана СДСМ и ДУИ. Анализирајќи ја програмата евидентно е дека ќе продолжите исто „како и до сега“!

(…) Предвидувате во иднина ‘дипломатскиот ангажман на Владата ќе вложи максимални напори да обезбеди доволно гаранции за заштита на македонскиот идентитет, јазик и посебност и во таа насока ќе побара непосредна поддршка од европските институции нашите соседи, сојузниците и стратешките партнери’. – Сте ги навеле истите оние, кои што го загрозуваа сето она за кое вие сакате да побарате поддршка од нив!“

Од кого ќе побарате? Од ЕУ која ви го сервира „францускиот предлог“ за бугаризација? Од НАТО што ја окупира нашата држава и го подметна Преспанскиот договор? Од Грција? Од Бугарија? Од кого ќе ги барате тие гаранции? Од истата ЕУ што ги поддржа сите про-фашизоидни политики на соседите кон нас? Тоа така не бива колеги!

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *