Македонија Новости Став Топ Вести

Герапетритис се премисли, утре доаѓа во Скопје


Шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис, утре ќе учествува на Состанокот на министрите за надворешни работи и на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците во Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за надворешни работи на Грција соопштија дека Герапетритис утре заминува за Северна Македонија каде што ќе учествува на Самитот и на Министерскиот состанок во рамките на Процесот за соработка на Југоисточна Европа. Неофицијално тој во Скопје ќе престојува само два саати, а со него ќе биде и заменик министерката Александра Пападопулу.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *