Македонија Новости Став Топ Вести

Макрон на македонски и честиташе на Силјановска Давкова за изборот за претседател

На официјалната страница на социјалната мрежа „Фејсбук“ од францускиот претседател Макрон осамна честитка, напишана на македонски јазик, до Гордана Силјановска Давкова – професорката која во недела треба да биде инаугурирана од Собранието и официјално да стане првата жена претседател на Македонија.

„Се отвора нова страница кај нашите македонски пријатели. Ја поздравувам храбрата посветеност на Стево Пендаровски, а на Гордана Силјановска Давкова ѝ ги упатувам моите срдечни честитки за изборот за Претседател. Франција останува на страната на Северна Македонија за да ја придружува во реформите и нејзината европска иднина“, напиша претседателот на Франција, Емануел Макрон.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *