Македонија Новости Став Топ Вести

ПЕНДАРОВСКИ ДОЖИВЕА ПОТОП СО РАЗЛИКА ОД 175.000 ВО КОРИСТ НА СИЉАНОВСКА ДАВКОВА

Деведесет и девет отсто работите минаа како што треба, рече претседателот на ДИК, додавајќи дека „она што се случи во Куманово, како што кажа, било недоразбирање“.

„Им благодариме на медиумите за фер и објективното известување во текот на целиот ден, што е многу важно за демократијата. Бевме во постојатно заседавање со сите наши раководители, цел ден го држевме процесот да се спроведе во што подобро светло“.

Вака изјави претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски на последната пресконференција за претседателските избори, а најави пресконференција со конечните резултати во текот на утрешниот ден.

Даштевски оцени дека изборниот ден минал мирно, а граѓаните достоинствено гласале. Сите учесници биле достоинствени, немало проблеми.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *