Македонија Новости Став Топ Вести

Николоски : Соработката со ДУИ е затворено прашање


„Многу далеку сме од каква било соработка со ДУИ. За мене лично тоа е затворено прашање. Мислам дека соработка помеѓу ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ е невозможна“, вели Александар Николоски во новото издание на емисијата „360 степени”,прашан дали ВМРО-ДПМНЕ би соработувала со ДУИ ако партијата на Али Ахмети има многу подобар изборен резултат од коалицијата на опозициски партии на Албанците.

Според него, промените на Уставот нема да бидат вклучени во никакви преговори за формирање влада доколку ВМРО-ДПМНЕ победи на изборит. На прашањето дали опозициските албански партии, кои ВМРО-ДПМНЕ ги смета за можен коалициски партнер по изборите, се спремни за партнерство со нив, со оглед дека уставните промени се главна точка на нивната програма, Николовски одговори: „Треба да ги прашате , но ние не сме гласале за уставни измени под бугарски диктат, ниту ќе гласаме и тоа е јасно“.

Тој порача дека, доколку Бугарија сака „какво било придвижување во однос на малцинските права“ и „сака да зборува за околу седумстотини луѓе кои рекоа дека зборуваат бугарски и се чувствуваат Бугари во Македонија, фер е и за стотици илјади Македонци кои не можат да се изјаснат како Македонци на пописот“ во Бугарија , земјата да ги спроведе одлуките на Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

„Пред една година побаравме од нив да започнат со имплементација на три решенија, но секако дека нема да застанеме до три. Бидејќи Бугарија како земја-членка на ЕУ и на Советот на Европа бара да се почитуваат малцинските човекови права, тогаш таа самата мора да ги почитува. Ако Бугарија се обиде да наметне нешто, таа самата мора да го почитува, мора да има реципроцитет… Бугарија не може да не уценува и да дејствува од позиција на сила: „ако сакате да преговарате со Европската унија, мора да го сторите тоа, во спротивно нема да преговарате“. Потоа, кога ќе го направиме, ќе дојдат и ќе речат потпишете се дека Гоце Делчев бил Бугарин, па дека Илинденците биле Бугари или дека Илинденското востание го кренале бугарски офицери… Извинете, но ова не е наше гледање на работите“, рече Николоски.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *