- Фејсбук статус на проф. Љубомир Цуцуловски
Утврдени се кандидатите за претседател на Државата, како и нивниот редослед. Редно е понешто да се напише и на оваа тема – претседател на Државата. Честопати може да се чуе мислењето дека претседателот на Државата треба да биде претседател на сите граѓани, без исклучок!
Оваа може да го каже само безочен демагог или приучен човек, бидејќи секое општество, вклучувајќи го и македонското, о б ј е к т и в н о е поделено на повеќе слоеви и сфери, чии интереси (по правило!) се спротивставени, па значи и неспоиви. Интересот на експлоататорот е да го зголемува профитот – со што помалку вложени средства/пари да оствари што е можно поголем профит.
За разлика од него, екплоатитраниот сака да биде што е можно помалку експлоатиран, т.е. да биде повеќе платен. Како во исто време (кој било) тоа може да го оствари? Како може и едните и другите (истовремено) да бидат среќни и задоволни. Или, прозводителите на земјоделски производи сакаат да постигнат повисоки цени за нивните производи, додека откупувачите сакаат да ги купат по што е можно пониски цени. Како тоа, кој било, може да го оставри, сеедно што тоа не е во директен домен на претседателот? Едноставно, во поделено општество (класно, културно, духовно, етнички…) постојат нешта кои, колку некој и да сака, не можат да се спојат/задоволат. Затоа, постојат партии, како и нивни претседателски кандидати, кои треба да задоволат нечии точно определени интереси.
Оттука, редно е секој кандидат да каже (без заобиколување) за интересите на кој социјален/класен слој од општеството ќе се залага, бидејќи сѐ друго е само празна сказна или демагогија.
П.С. Поттикнат токму од претходното, во 1999 година почнав да ги пишувам своите политички сказни, бидејќи цело време живееме во сказни, каква што е и оваа за претседател на сите граѓани.