Македонија Новости Став Топ Вести

СДСМ формираше „Коалицијата за европска иднина“

Тринаесет партии денеска во седиштето на Социјалдемократскиот сојуз и официјално ја формираа предизборната „Коалиција за европска иднина“. Договорот го потпишаа лидерите на партиите. На чело на коалицијата е СДСМ.

Членки на оваа коалиција се потпишаа СДСМ, НСДП, ЛДП, Партијата за движење на Турците, Партијата на пензионери, ДОМ, ВМРО-НП, Демократски сојуз на Власите во Македонија, ПОЕН, Сојуз на Ромите во Македонија, Десница, Партија за демократски просперитет на Ромите, СДА, а кон коалицискиот договор се приклучи и движењето Нова депублика.

Коалицијата за европска иднина е целосно посветена на европскиот пат и има јасен план за европски животен стандард, просперитетна и развиена држава, во која функционира демократијата, владеењето на правото, социјалната правда. Коалицијата се залага за европски животен стандард за граѓаните, економски раст и развој преку директни вложувања и странски инвестиции, преку капитални и инфраструктурни инвестиции, но и преку поддршка на домашните компании, како и за достоинствен живот за пензионерите како основни постулати на предизборните активности и кампањи.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *