Македонија Новости Став Топ Вести

Отворено писмо од претставничката на УНИЦЕФ до сите политички партии


Во пресрет на изборите, сите политички партии имаат можност да ги стават децата, младите и семејствата во центарот на своите изборни програми и да дадат конкретни ветувања за секое дете да има пристап до квалитетни услуги и повеќе можности да гради подобра иднина за себе и за земјата, се вели во отворено писмо од претставничката на УНИЦЕФ Патриција ДиЏовани до сите политички партии во пресрет на изборите.

Според неа, претстојните избори се можност да се изработат политики насочени кон семејството, младите и децата што ќе резултираат со подобра земја.

-Изборите отвораат можности за иднината. Таа иднина се гради сега, а децата и младите сметаат на овие избори. Како неполитичка и непристрасна организација, УНИЦЕФ е подготвен да работи со сите партнери за унапредување на правата на децата и обезбедување еднаква шанса за светла иднина за секое дете и секој млад човек, стои во отвореното писмо.

Претставничката на УНИЦЕФ во земјава потсетува дека децата сочинуваат дваесет проценти од резидентното население од 1,84 милиони, што изнесува околу 180.000 девојчиња и 192.000 момчиња под 18 години.

Децата, како што наведува, се важен дел на општеството и покрај тоа што всушност не гласаат токму сега. – Во не толку далечна иднина, тие ќе бидат лидери на своите семејства, заедници и на земјата. Не само што ќе ја обликуваат иднината на земјата, туку и ќе формираат важни политички ставови врз основа на овие избори, стои во писмото.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *