Македонија Новости Став Топ Вести

Брат Љубе, Трајанов и Стојанче повторно со ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на „Достоинство“, Стојанче Ангелов изјави дека неговата апртија излегува од коалицијата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, и дека раководството донело одлука да ја прифати можноста да коалицира со ВМРО – ДПМНЕ. Ваквата одлука тој ја образложи со неисполнетите очекувања за проблемот со кој сѐ уште се соочуваат необесштетените десетина воени инвалиди и петнаесетина семејства на загинати бранители.

Тој посочи дека иницијативите на „Достоинство“ поднесени до Владата и до Собранието добивале поддршка од поранешниот премиер Димитар Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска, но, според нив, поради противењето на ДУИ, истите не поминале.

Коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ вчера ја најавија и Демократски Сојуз на Павле Трајанов и партијата на Љубе Бошковски

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *