Македонија Новости Став Топ Вести

СДСМ ќе го поддржи предлогот да се гласа и со истечени документи


Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, денеска изјави дека партијата го поддржува предлогот граѓани кои имаат лични документи со старото име нa државата да можат да гласаат.

Тој на прес-конференцијата по посетата на винаријата „Брзанов“ во Трубарево одговарајќи на новинарско прашање, посочи дека за предлогот се дискутирало уште од крајот на минатата година.

„Ќе поддржиме и веќе се разговара. Работните групи кои работат на Изборниот закон уште од крајот на минатата година работат на решение да има одредба со кој ќе се дозволи на секој граѓанин да го оствари своето гласачко право“, истакна Ковачевски.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *