Култура Македонија Новости Став Топ Вести

Популарната комична опера „Севилскиот бербер“ на 2 март во Националната опера и балет

На 2 март со почеток во 20.00 часот во Националната опера и балет ќе се изведе популарната комична опера во два чина „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини. Приказна за победата на младоста и љубовта.

Диригент е Иван Еминовиќрежијата е на  Урсула Хорнер (Австрија), сценограф е Марија Ветероска, костимографијата е на Марија Пупучевска, хор-мајстор е Ѓурѓица Дашиќ.

Изведувачката екипа ја сочинуваат: во улогата на Фигаро ќе настапи Васко Здравковво улогата на Розина, Биљана Јосифовво улогата на  Гроф Алмавива ќе настапи гостинот од Италија, Роберто Јачини  ВергилијДон Базилио: Владимир СаздовскиДон Бартоло: Невен СилјановскиБерта: Соња Пендовска МадевскаФиорело: Драган АмповАмброзио: Марко Димовски, Камениот човек: Борко Биџовскичембало: Елена Сиљаноска  во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

Операта „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росино изобилува со извонредни и возбудливи вокални и оркестарски делници и комична елеганција со кои ретко кое друго оперско дело може да се спореди.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *