Македонија Новости Став Топ Вести

Распишани претседателските и парламентарните избори 2024

 Претседателот на Собранието Јован Митрески попладнево ги распиша претседателските и парламентарните избори 2024. Првиот круг од претседателските избори се закажани на 24 април, додека вториот круг ќе се одржи заедно со парламентарните избори на 8 мај. 

– Денеска, во согласност со мојата уставна надлежност и уставно предвидените рокови, ги потпишав решенијата за распишување на изборите за претседател на Република Северна Македонија и за пратеници во Собранието. Како што е познато, првиот круг од седмите претседателски избори во земјава ќе се одржи на 24 април 2024 година, додека вториот изборен круг за претседател ќе биде во ист ден со гласањето за единаесеттите парламентарни избори, односно на 8 мај, рече Митрески.

Согласно Изборниот законик, роковите за спроведување изборните дејствија почнуваат да течат од денот на објавување на Решението во Службен весник.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *