Македонија Новости Став Топ Вести

Мицкоски: Сто дена во кои ќе биде полошо


Иако не очекува да има турбуленции во претстојните процеси со преодната влада затоа што „јасен е законот, јасен е Уставот“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ денеска изјави оти со Талат Џафери како технички премиер „ во овие сто дена ќе биде полошо“. Без оглед што во техничката влада ВМРО-ДПМНЕ ќе има двајца министри и тројца дополнителни заменици-министри.

„Со овие луѓе сѐ е возможно, гимнастики, лупинзи, но не очекувам нешто што би можело да го наруши процесот“, рече Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања на конференцијата што ја организираше Паневропската унија на Македонија.

На прашањето дали очекува нова политика од техничкиот премиер Талат Џафери, одговори дека во изминатите шест и пол години „тој како претседавач со Собранието направил многу противуставни и противзаконски потези“.

„Очекувам продолжување на лошите политики. И ако можеби некогаш сме биле едногласни дека од ова полошо нема, тоа е песимистички став. Треба да сме оптимисти, сепак, очекувам дека во овие сто дена ќе биде полошо, рече претседателот на опозициската партија.

Во врска со иницијативата од СДСМ за формирање европски фронт за изборите, одговори дека „тоа е криминална коалиција која себеси во обид за дефокус се брендира како европска коалиција“.

Коментирајќи ја одлуката на Апелацискиот суд за мерка за претпазливост за осомничениот Беким Незири во случајот М-НАВ, Мицкоски рече дека „тоа се реформите кои ги нуди европскиот фронт“.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *