На странски компании (СДИ) државата им дава баснословни суми (и до 500.000 евра директна помош), ослободувања од даноци и царини, од комунални такси, симболични цени за закуп на земјиште… за да вработат луѓе со по 1000 евра плата.
На домашните компании (освен на оние на другачињата им) им дава бирократија, ненормални трошоци за комуналии и струја, инспекции, рекет, плус им ги зема потенцијалните вработени.
При прва поповолна понуда, ќе си ја летнат во Африка, а ние ќе останеме со унакажани домашни компании и без работници.
Грујо ја почна циркузијадава, сдс ја продолжи, дпмне планираат да ја надградат.
Безидејни створови!
ФБ статус на Тамара Јованов






