Македонија Новости Став Топ Вести

ЛЕВИЦА: СО РАСКОЛ, ПАНИКА И ПРОТИВСТАТУТАРНО ПРОФЕСОРКАТА ДАВКОВА ВЛЕГУВА ВО ТРКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ

Гордана Сиљановска Давкова противстатутарно и нелегитимно влегува во трката за добивање легитимитет од народот, за да стане претседател на Република Македонија. Партијата на Мицкоски, ДПМНЕ, која е поделена на фракции, го погазила сопствениот Статут при спроведувањето на конкурсот за избор на претседателски кандидат со што оваа одлука е ништовна.

До Управниот суд на РМ е пристигната внатрепартиска тужба, чиј подносител е Оливер Андонов и тоа против неговиот лидер Мицкоски, за грубо кршење на процедурите – со што се наговестува и борба во ДПМНЕ која може да резултира со слабеење на опозицискиот бран во корист на СДС и ДУИ.

На овој начин, потенцијалниот кандидат на ДПМНЕ, Гордана Сиљановска Давкова, нема да има правна основа ниту ќе има легитимитет да настапи на претстојните избори.

Непосредно пред изборната сезона, станува јасно дека само #Левица има капацитет да ја води опозициската битка на следните претседателски избори.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *