Богоев: Граѓаните се незадоволни од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ
Граѓаните се крајно незадоволни од градоначалниците на ДПМНЕ, тоа го покажуваат истражувањата, истакна потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев, во интервју за „Слободен печат“. Богоев ги повика ДПМНЕ да си ги видат анкетите за задоволството од нивната градоначалничка во Скопје, од нивниот градоначалник во Битола, во Велес, Штип, Аеродром и нивните рејтинзи, кои покажуваат крајно разочарување на граѓаните.
-Онаму каде ДПМНЕ е најслаб со градоначалници и нивно делување и исполнување на програмата што ја ветиле, а тоа се мнозинството општини, тоа ќе им се рефлектриа и на изборните резултати, рече Богоев.
Потпретседателот Богоев како пример ја наведе општина Карпош, каде советниците на ДПМНЕ и Левица во коалиција прават блокади, кочат и ја уништуваат општината.
-Сега, ги гледам, го кочат буџетот. Тоа се средства за плати за луѓето што ја одржуваат хигиената на општината, за одржување на водоводи, училишта, градинки, кај што одат нашите деца. Тука се гледа злонамерноста на ДПМНЕ и на Левица, истакна Богоев, додавајќи дека советниците на СДСМ во Карпош ќе продолжат да се борат во интерес на граѓаните и нема да поддржуваат непопуларни ДУП-ови со претерано градење, а ќе поддржат се што е корисно.






