Велешките екологисти против “Б” интегрирана дозвола за КЕОПС МОНТ ГРОУП
Почитувани велешани и јавност, ве повикувам утре ( понеделник) во 13 часот на ЈАВНА РАСПРАВА во хотел Глориус на Езеро Младост после најавите од српската фирма КЕОПС МОНТ ГРУП за отворање ( како што ја нарекуваат во Елаборатот) Инсталација или фабрика за дробење , мелење и сеење на троската од Црниот рид кај Топилницата.
Пластично кажано, наместо да ја транспортираат троската во трети земји, КЕОПС МОНТ со новата евентуално издадена “Б” еко дозвола планираат да ја обработуваат згурата на само 300 метри од првиот станбен комплекс на Велес.
НЕВЕРОЈАТЕН ФАКТ : Општина Велес на Фирмата КЕОПС МОНТ ГРУП од 2019 до 2023 година и издаде “Б” интегрирана дозвола со која требаше да ја транспортира троската во трети семји .
За четири години работа , КЕОПС МОНТ успеа да транспортира НЕВЕРОЈАТНИ 500 тони згура од вкупно 2 милиони тони, или од Велес изнесени се НЕВЕРОЈАТНИ 0.025 %.
УШТЕ ЕДЕН НЕВЕРОЈАТЕН ФАКТ : Истата таа фирма за четири години „експлоатација„ на троската, на Министерството за економија му има исплатено ФАНТАСТИЧНИ 13.000 денари ( ТРИНАЕСЕТ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ за четири години).
Во превод, сметаме дека оваа фирма е несериозна, и потценувачки и тенденциозно се однесува кон Велес и граѓаните.
Башка што РАСПРАВАТА СПРОТИВНО НА ПРАВИЛНИКОТ ЈА ЗАКАЖУВА во работно време на 10 км оддалеченост од градот игнорирајќи го единствениот НАРОДЕН ДОМ – Општина Велес, каде што вообичаено прилега на сериозни фирми да ги презентираат своите бизнис планови.
Последниот филтер е градоначалникот Марко Колев кој треба со потпис да стави АМИН и со тоа да ги разбуди повторно духовите од минатото кои се уште лебдат како црна совест над темната еколошка историја на Велес.
Почитувани граѓани, ВО ВАС и во вашето присуство и јавно искажан став на оваа ЈАВНА РАСПРАВА е единствената СИЛА И МОЌ која може да го спречи овој загрижувачки процес
Потоа , секакви коментари и кукања ќе бидат залудни !!





