Култура Македонија Топ Вести

Горан Стефановски е автор во фокус на 58. издание на фестивалот „Војдан Чернорински“

Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп за 58. фестивал како свој Автор во фокус го именува Горан Стефановски. За македонската драма и театар, Горан Стефановски е еден од најзначајните автори, професори, театарски уметници што создава оригинални, авторски, комплексни драмски дела и чиј однос кон драмата и театарот е автентичен и уникатен. Во 1974 година, македонската драма и театар го сведочи можеби најпродорниот влез, највпечатливата премиера на еден драмски текст, поточно на една претстава, „Јане Задрогаз“ од Горан Стефановски, во режија на Слободан Унковски, продукција на Драмскиот театар – Скопје. Драмата и претставата ја почнуваат големата промена во македонскиот театар. Промена што ќе ја навести и постмодерната и сите нови „изми“ на модерната што е во тек. Реплики што се паметат и се повторуваат, силни и продорни зборови, моќни реченици и најкреативниот театарски контекст се наследството што ни го остави Горан Стефановски.

Затоа ни беше повеќе од важно оваа година да биде година на Горан Стефановски, за таа цел за време на фестивалот се планирани повеќе активности: портрет на Горан Стефановски, ФДУ за Горан Стефановски, работилници по пишување, разговори, промоции на книги.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *