Македонија Новости Топ Вести

Таткото на Вања на распит во полиција?!

Уште едно лице вчеравечер е уапсено поради сомнени дека е инволвирано во убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Неофицијално се работи за таткото на на Вања, Александар. Република се обрати до МВР за потврда на ваквата информација, но одговор сѐ уште нема. Неофицијално засега за него не се бара притвор, а распитот сѐ уште трае.

Таткото го пријавил исчезнувањето на девојчето, втор, околу 11 часот во понеделник откако истото го сторила и мајката, рано утрото откако девојчето не стигнало во школо.

Од вчера уапсените 5 луѓе, тројцата се во притвор, а двајца се пуштени, поради немање докази, т.е. поради неповрзаност со киднапирањата и убиствата. Еден од осомничените е недостапен, и е надвор од Македонија, но со патека на бегство лоцирана од Интерпол и МВР.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *