Надоместокот за пристап до електродистрибутивната мрежа што треба да се воведе од 1 јануари не значи нов трошок за потрошувачите. Не се работи за дополнителни приходи, тие пари ќе бидат во рамки на одобрениот приход на компаниите, изјави денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски.
Надоместокот за пристап кон мрежа, вели Бислимоски, се воведува заради правична распределба и е во интерес на домаќинствата. Овој надоместок, велат од РКЕ, ќе доведе до намалување на цената за мрежарина.
Во моментот се прават анализи колку ќе биде износот на овој надоместок, но тој, според РКЕ, ќе биде би изнесувал од 50 до 250 денари. Со неговото воведување се очекува мрежарината да се намали до 20 проценти што пак би значело намалување на крајната цена кај редовните потрошувачи за околу 8 проценти, ако се има предвид дека мрежарината учествува со околу 30 проценти во вкупната цена.






