Се уште нема официјални резултати од изборите во Бугарија, бидејќи во тек е паралелно пребројување на гласовите. Преминувањето од гласање со машина кон хартиените ливчиња, дополнително предизвика доцнење на целиот процес.
Според последините податоци, ова се резултатите од изборите во Бугарија, а прв на листата е Бојко Борисов односно ГЕРБ-СДС со 25,6%, а следуваат Продолжуваме со промените и Кирил Петков со 25,3%.
Нејасно е во моментов дали се можни изненадувања и промена на местата во декот на денот при обработени 100% од гласачките места.