Македонија Новости Став Топ Вести

Јанушев: Дали во СВР Скопје имало пријава пред 5 дена дека убиецот е Палевски и зошто ништо не е преземено во однос на тоа?

​Во СВР Скопје официјално е заведено дека Љупчо Палевски Палчо и убиецот на Вања уште пред 5 дена, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ и прашуваат зошто ништо не се презело од тогаш.

Нивните сомнежи се дека тоа има врска со одржаувањето на Самитот на ОБСЕ, кој се одржа истиот ден кога Палевски ја напуштил државата… Бараат оставка од Спасовски и да се прогласи ден на жалост.

„ Зошто 5 дена не биле преземени никакви дејствија во однос на таа информација?!? Како може неколку дена да има исчезнато лице со неговото сопствено возило, кое потоа убијците го користат за киднапирање на друго лице и со него вршат ново кривично дело – киднапирање и убиство? Извршителот на убиството е поранешен висок функционер во партијата на Спасовски, претседател на градската организација на СДС. Исто така, познато е дека подолго време беше дел од јавна рекетарска група која во јавниот простор тргува со влијание и работи преку користољубие, а политичката партија му беше само параван за се она што го прави. Зошто власта предолго го толерираше ова однесување? Спасовски и СДС да одговорат дали ваквите групи ги стимулираат и користат за нивни лични потреби, а подоцна ги толерираат се додека не се случи ваква трагедија каде што животот го загуби невино дете?!?“ Игор Јанушев, ВМРО-ДПМНЕ

Одговорност и максимални казни за сторителите, побара министерот за правда Кренар Лога. На својот ФБ профил изрази сочуство до семејствата и напиша дека „Ова е една од најголемите трагедии во нашата држава затоа што безмилосно се одземени два живота.“

Сторителите и сите инволвирани во најкус рок да бидат изведени пред лицето на правдата и да понесат одговорност за злосторството, очекуваат и од владејачката СДСМ, кои изразија сочуство до семејството, роднините, пријателите и соучениците на Вања.

„Надлежните институции, Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство работеа интензивно, целосно го расветлија случајот, ги пронајдоа сторителите на ова грозоморно злосторство и тоа е за поздравување. Во рамки на своите законски надлежности МВР и Јавното обвинителство навреме преземаа соодветни активности, покажаа посветеност и професионалност на високо ниво. Очекуваме во најкраток можен рок сите сторители и инволвирани да бидат изведени пред лицето на правдата и да понесат одговорност за злосторството кое го потресе целото наше општество.“ пишуваат од СДСМ

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *