Грковска: Целта на Законот за конфискација на имот е да се докаже дека корупцијата е неисплатлива
Целта на Законот за конфискација на имот е да се докаже дека со санкционирањето на вакви лица, корупцијата е неисплатлива и дека имотот што го стекале на незаконски начин ќе биде одземен во законска процедура и ќе биде вратен назад на граѓаните, изјави вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска.
Во вечерашното гостување на Сител телевизија, Грковска истакна дека преку овој закон, во ситуација кога нема доволно елементи за покренување на кривична постапка, во граѓанска постапка да може да се санкционираат лица кои имаат драстична разлика во она што го заработиле, од официјално пријавените приходи.