Култура Македонија Новости Топ Вести

Aгенцијата за филм и ДКСК во војна

Во целост ги отфрлам сите невистинити и паушални обвинувања од страна на Државната комисија за спречување корупција како тенденциозни и неосновани, рече денеска  директорот на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски.

Тој тврди дека откако е директор на институцијата, последното вработување во Агенцијата за филм  е во 2017 година, кога директор на Агенцијата било друго лице, спротивно на тврдењата на ДКСК дека во Агенцијата се ангажирале партиски експерти со договор на дело.

Лазаревски исто така ги демантира тврдењата на ДКСК дека на филмскиот фестивал во Кан ја носел сопруга на државен трошок, а изнајмил и рента кар, додека службеното возило го употребува за приватни цели.

Од ДКСК велат дека во текот на неделава ќе поднесат иницијатива за одговорност до Владата за кривично гонење за несовесно работење и трошење на буџетски средства на директорот на Агенцијата за филм. Децидни се дека за обвинувањата имаа докази. 

– Лицето Бојан Лазаревски оди на Кански фестивал во придружба на сопругата каде што изнајмил и рента кар, а ја троши службената картичка за репрезентација. Тоа се службени средства чија цел е покривање на трошоци за исполнување на целите на институцијата која ја претставува, а не за приватни потреби. Понатаму, утврдено е дека службеното возило го чува надвор од кругот на Агенцијата, вработува лица по договор за дело за кои нема евиденција дали се појавиле на работа ниту извештај за завршената работа, влијае субјективно на доделувањето средства на филмските проекти, исплаќа средства на Друштвото на филмски работници без законски основ. За ова лица со свои наоди се изјасниле и други државни институции. – велат од ДКСК.

Антикорупциска пред една недела донесе одлука да поднесе иницијатива за одговорност до Владата за кривично гонење за несовесно работење и трошење на буџетски средства на директорот на Агенцијата за филм.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *