Комисијата за заштита од дискриминација: Платено болничко и породилно отсуство за земјоделците
Комисијата за заштита од дискриминација го вклучи алармот и издаде прапорака на Министерството за здравство да изготви и иницира соодветни измени и дополнувања на Законот за здравствено осигурување со кои ќе се елиминира нееднаков третман кон регистрираните земјоделки и земјоделци.
Ова доаѓа како резултат на забелешките за нерамноправен третман кон земјоделките во остварувањето на правото на платено породилно отсуство, но и кон земјоделците во остварувањето на правото на платено боледување.
Народните избранички Мизрахи и Морачанин кои беа дел од дискусијата велат дека треба усовршување на сегашните законски регулативи и да можат овие работници да имаат платено боледување и породилно отсуство.
Македонија како кандидат за членство во ЕУ мора да го прилагоди законот за работни односи, со цел да се спречи дискриминација. Трудовото законодавство делумно гарантира еднаква плата за еднаква работа но законодавството и во другите сфери треба да ја следи европската пракса а како еклатантен пример се посочуваат земји како Хрватска и Бугарија и Грција .