Македонија Новости Топ Вести

Маричиќ: Уставните измени ќе се формулираат по празниците

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска изјави дека работната група за уставни измени по празниците ќе се состане и ќе ги формулира предлозите, по што за нив ќе се отвори јавна дискусија.   

-Jа користиме комплетната временска рамка што ја имаме и поаѓаме од една претпоставка дека сите ќе се постават одговорно и на ниво на задачата и државнички во овој процес. Министерството за правда ги покани и партиите и експертите да номинираат свои претставници. Најголем дел го сторија тоа. Веднаш по празниците ќе има состанување и формулација на предлозите за уставни измени. По таа формулација очекуваме да има и јавна дискусија и потоа да се влезе во Собранието, изјави вицепремиерот Бојан Маричиќ во интервју за Студио 10 на ТВ 24. 

Маричиќ, како што рече, претпоставува дека впечатокот на јавноста оти процесот се „тера на мускули“ е дека дел од јавноста се надевала оти оваа обврска ќе исчезне или ќе се реализира подоцна.  Ние не сакаме да губиме време, вели вицепремиерот, веќе сме ги почнале преговорите, скринингот тече. 

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *