Македонија Новости Став Топ Вести

Таравари: Не ни одговараат заеднички листи со ДУИ

Лидерот на Алијанса, Арбен Таравари во гостување во студиото на ТВ21 кажа дека е разговарано за опцијата да се оди заедно на избори со една изборна листа. Лидерот на Алијанса кажа дека засега се против.

 „Имавме состаноци и со Ахмети и со Ковачевски. Разговаравме за опцијата да одиме заедно на избори, со една изборна листа. Јас сметам дека во моментов е проблематично за нас како партија да бидеме со ДУИ на една листа, но не го затвораме како прашање. Ќе направам анализа, ќе разговараме со членството и следната недела ќе донесеме одлука, дали на наредните избори ќе одиме заедно со СДСМ и ДУИ“, изјави Таравари.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *