Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната седница донесе одлука да поднесе иницијатива за одговорност до Владата и за кривично гонење за несовесно работење и трошење на буџетски средства на директорот на Агенцијата за филм.
Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска детално го образложи случајот со Агенцијата за филм, ревизорските извештаи за финансиското работење на Агенцијата и документите што се проверувани, меѓу кои и за вработувањата во Агенцијата и ангажирање експерти и лица со договор на дело.
Ивановска истакна дека Владата треба да ги слуша нивните препораки и да ги препрочитува ревизорските извештаи.
-Глава не можеме да кренеме од партиски вработувања, вели претседателката на ДКСК во однос на ангажирањето на вршители на должност во некои институции и вработени со авторски договори.
Иницијатива за кривично гонење ДКСК усвои и за актуелниот и поранешни градоначалници на Радовиш затоа што 12 пати ангажирале лице како вршител на должност директор на јавното претпријатие „Плаваја“ Радовиш без објавување оглас.






