Македонија Новости Топ Вести

Ковачевски: Евтината дневна тарифа за домаќинствата е резултат на зголеменото производството

Производството и снабдувањето со електрична и топлинска енергија е сигурно и континуирано и во оваа грејна сезона, уште на 15 октомври кога започна грејната сезона, АД ЕСМ подготвено ја дочека, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Како што соопшти Владата, во интервју за „Фокус“ премиерот Ковачевски, вели дека во текот на летниот период од страна на АД ЕСМ, се извршени редовни ремонтни активности на сите производствени капацитети, за да може оваа зима да сме подготвени. Во делот на снабдување со топлинска енергија за Град Скопје, додава, испораката на парно се врши од 6:00 – 22:00 часот, по строго утврдени правила и дијаграми.
 
Премиерот Ковачевски потенцираше дека и минатата година која беше исклучително тешка, со капацитети стари и по 40 години, но со упорност, со нивно одржување, ремонти, со посветеност од работниците од сите енергетски капацитети, кризата се изменаџира.

-Сите енергетски потенцијали ги ставивме во функција, го активиравме и ТЕЦ Неготино, кој 15 години не работеше, го зголемивме домашното производство на електрична енергија на ЕСМ, со што се обезбеди 100 проценти струја за домаќинствата и за малите потрошувачи. Образовните институции, болници, комунални дејности беа вратени на регулираниот пазар, за да имаат пониски трошоци за работа. Во споредба со претходната грејна сезона 2021/2022 реализиравме зголемување на вкупното производство на електрична енергија од 45%. Тоа резултираше, во текот на целата зима да има електрична енергија без никаков прекин“, вели премиерот Ковачевски.

Од друга страна како што посочи премиерот Ковачевски во интервјуто, АД ЕСМ во изминатите години направи капитални ремонти во РЕК Битола, кои не беа направени подолго време, вложени се средства, време и работа сè со цел да се зајакнат капацитетите, да бидат поиздржливи и посигурни во производниот процес.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *