Култура Македонија Новости Топ Вести

„Денови на Јустинијан I“ – 11. Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии

 Во Музејот на македонската борба денска свечено ќе биде отворен 11-oт Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на Јустинијан I“, во организација на Институтот за национална историја – Универзитет Св. Кирил и Методиј и Универзитетот во Болоња, во партнерство со Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“.

На свеченото отворање обраќања ќе имаат проф. д-р Митко Б. Панов, претседател на меѓународниот организациски и научен комитет, кој воедно ќе го промовира Зборникот на трудови од 10-тите „Денови на Јустинијан I”, проф. д-р Џузепе Маино, ко-организатор и член на организацискиот одбор, проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, ко-организатор и член на организацискиот одбор,  Акад. Љупчо Коцарев, претседател на Македонската академија на науките и уметностите, Неговото Блаженство г.г. Стефан, Архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прва и Андреа Силвестри, амбасадор на Република Италија во Скопје.

Меѓународниот научен симпозиум „Денови на Јустиниан I” претставува годишен научен форум за презентација на најновите истражувања за различни аспекти на византолошките и средновековните студии, што го вклучува третманот и интерпретацијата на културното, историското и духовното наследство во современа Европа. Симпозиумот е посветен на императорот Јустинијан I и има за цел да опфати широк спектар на истражувачки прашања во функција на реконструирање на културното и историското наследство, како интегративна компонента на различностите и заедништвото на обединета Европа.

Симпозимот ќе се реализира со комбинирано физичко и онлајн учество. На осумте сесии кои ќе се реализираат во текот на двата работни дена во Музејот на македонската борба и во Македонската академија на науките и уметностите, свои реферати ќе имаат 45 еминентни проофесори и истражувачи од 17 земји – Македонија, Италија, Велика Британија, Русија, Шпанија, Полска, Словачка, Германија, Романија, Турција, Унгарија, Србија, Грција, Хрватска, Финска, Швајцарија, Кипар.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *