Македонија Новости Топ Вести

Николоски за Извештајот од ЕК: Како меур од сапуница ги распрсна владините лаги

Извештајот на Европската комисија не е ништо различно од тоа што ние го живееме секој ден и уште помалку различно од  тоа што ВМРО-ДПМНЕ го зборува со години , вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на денешната дебата насловена „Извештајот на ЕУ за Македонија – Одраз на реалноста“ во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.

“Извештајот на Европската комисија не е ништо различно од тоа што ние го живееме секој ден и уште помалку различно од тоа што ВМРО-ДПМНЕ го зборува со години, бидејќи основната карактеристика на оваа влада на СДСМ и ДУИ е дека корупцијата цвета, а економијата тоне. И тоа е тажната реалност во која што ние живееме”, изјави Николоски.

Тој потенцираше дека Европската комисија во извештајот нотира катастрофално владеење на правото, високиот степен на корупција како и злоупотреба на процедурите.

„Гледате дека изостана еуфоријата оваа година, премиерот избега, надвор од државата е на некакво си измислено обраќање во УНЕСКО“, истакна тој.

Потпретседателот Николоски додаде со Извештајот од Европската комисија како меур од сапуница се распрснала лагата на владата на СДСМ и ДУИ дека имаат поддршка од меѓународната заедница.

Николоски рече дека решението од ваквиот состојба е убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ, мнозинство од 61 пратеник се со цел силна битка со криминалот и корупцијата, и тоа како што рече тој може да го направат во првите 6 до 9 месеци.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *