Македонија Новости Топ Вести

Почнува амандманската расправа за новиот Предлог Деловник на Собранието


 Собраниската Комисија за деловнички и мандатно – имунитетни прашања денеска ќе ја започне амандманската расправа за Предлог на Деловник на Собранието. Претседателот на Собранието Талат Џафери, како негов предлагач поднел неколку амандмани, а поднеле и Левица, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. 

Според информациите од Собранието, Комисијата ќе работи по амандманите доколку е потребно и за време на викендот, а координаторите на пратеничките групи во текот на вчерашниот ден ги усогласувале ставовите по одредени амандмани.

-Се очекува да се прифатат дел од амандманите кои се дел претходно прифатени со консензус од координаторите на пратеничките групи, најавил вчера претседателот на Собранието Џафери на средба со шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје амбасадорот Килијан Вал. Претседателот на Собранието рекол дека правилата за работа на Собранието мора да бидат прецизни затоа што се најдобриот инструмент за функционален парламент.

Новиот деловник на Собранието, според најавите на Џафери, се очекува да биде донесен со консензус и најверојатно ќе биде ставен на дневен ред на новата седница закажана на 2 ноември.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *