Македонија Новости Топ Вести

Касами: Нема уставни измени без отсртанување на „20 отсто“


Лидерот на Движењето Беса, во неделното интервју за Радио Слободна Европа порача дека пратенците од неговата партија нема да гласаат за измените на Уставот, се додека не се исполни нивниот предуслов за промена на формулацијата јазикот што го употребуваат 20% од граѓаните во албански јазик.

Касами во интервјуто вели дека не е возможно предизборно коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ, додава дека дека албанската опозиција окрупнува и ја отвора вратата за партиите кои ќе и се спротивстават на ДУИ.

Во однос на претстојните претседателски избори лидерот на Беса, најавува заеднички кандидат на опозицискиот фронт.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *