Култура Новости Топ Вести

Кренар Лога денес ќе ги образложи деталите за Законот за амнестија


Министерот за правда, Кренар Лога, денеска ќе одржи брифинг со медиуми за сите актуелни теми, а потоа ќе даде и изјава за Предлог законот за амнестија со кој се предвидува растеретување на затворскиот систем. Владата неодамна даде зелено светло за ова законско решение, а опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави блокада.

Најавената амнестија ја разбранува јавноста со тоа кој сѐ би можел да биде опфатен со неа. Според лидерот на опозициската партија, Христијан Мицкоски, намерата на власта со овој закон е да се ослободат криминалци кои служат затворски казни. За премиерот Димитар Ковачевски, блокадата е стратегија на опозицијата која постојано ја применува.

Откако Предлог законот за амнестија помина на Владина седница, Министерството за правда најави дека ќе го достави до Собранието и посочи дека очекува поддршка од сите пратеници за законското решение, чија цел, според нив, е да се овозможи ресоцијализација на сторителите на кривични дела и рестеретување во казнено-поправните установи со оглед на фактот што состојбата таму во изминатиот период е алармантна, а тоа беше потенцирано во бројни меѓународни извештаи како и од Комитетот против тортура во рамките на Советот на Европа.

Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој најави блокада на законското решение, намерата на власта со овој закон е да се ослободат криминалци кои служат затворски казни.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска од тетовскиот регион истакна нови, како што тврди, проблематични делови од државниот договор со компанијата „Бехтел и Енка“ за градење д

– Да, ние ќе го блокираме, тука не треба да има никаква дилема, ова не е закон со европско знаменце како што беа измените во Кривичниот законик и ние ќе го блокираме во рамките на собраниската процедура, зошто овој закон има двојна намена. Првата е да ослободат криминалци кои одлежуваат затворска казна, бидејќи така им ветиле, тука не мислам само на СДСМ и ДУИ, туку и на помалиот коалициски партнер Алијансата за Албанците, ако воопшто постои, ако не е претопена во ДУИ, или барем оној дел кој што се идентификува како Алијанса за Албанците. Значи тоа се преземени обврски кон криминалците кои што се на отслужување на затворска казна, дел од нив да добијат намалување, делумна амнестија, дел целосна амнестија и потоа тие исти криминалци да се најдат на улиците и да прават проблеми на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ, мислејќи дека на тој начин ќе добијат, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при вчерашната посета на Општина Илинден.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *