Македонија Новости Топ Вести

Јаневска бара одговорност од Шакири за материјал за хетеросексуалноста од 2011 година


Весна Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ побара одговорност за образовен материјал за средното образование кој бил одобрен во 2011 година, а вчера го актуелизираше доктор Александар Митов.

„Ова лудило во образованието што го продуцираат државните институции ги премина сите граници. Зборувам за работни листови за учениците по предметот Образование за животни вештини. Во овие работни листови некој комплетно малоумен прашува:
• Ако хетеросексуалноста е нормална, тогаш зошто толку многу хетеросексуалци се лица со ментални нарушувања?
• Најголемиот број лица што злоставуваат деца се хетеросексуалци. Дали сметате дека е безбедно вашето дете да го праќате на училиште каде повеќето наставници се хетеросексуалци?

Ја повикувам целата стручна јавност, психолози, педагози, социолози веднаш, итно и неодложно да се оградат и да реагираат на грубата манипулација на малолетните деца, на пропагандата и навредите кон мнозинската сексуална ориентација. Ова не е неписменост и незнаење, за ова има основа и за одговорност…Шаќири ,ти ова го одобри? Биро за развој на образованието, што правите? Психолози имате ли? Не знам што има, а што нема, ама за злоупотреба на деца одговотност ќе има“, порача Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.

Дека станува збор за партиска пропаганда и класична лажна вест посочија од Бирото за развој на образование кое „најостро ги демантира дезинформациите во јавноста за наводно постоење и употреба на учебник којшто го користат учениците во средното образование за реализација на програмата Образование за животни вештини“.

-Се работи за изготвен прирачник за наставници врз основа на наставна програма. Наставната програма е донесена од министерот за образование и наука, а Прирачникот е одобрен од директорот на Бирото за развој на образование и министерот за образование и наука во 2011 година (Никола Тодоров или Панче Кралев). Наставната програма не е задолжителна, односно наставниците во средните училишта имаат слобода да изберат кои содржини (и соодветно на тоа кои работни листови) ќе ги реализираат и во кој период од учебната година, со цел да одговорат на потребите на адолесцентите.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *