Македонија Новости Став Топ Вести

„Нека ѝ служи на чест“: Пендаровски за тврдењата на Силјановска за средби со нарко-босови


На вечерашниот митинг во Кочани кандидатот за претседател Стево Пендаровски одговори и на прозивките од противкандидатката Гордана Силјановска-Давкова за негови наводни средби со криминалци и нарко-босови.

„Јас сум последниот човек во Македонија за кој можеш да помислиш дека се дружи со нарко босови. Но, знам некои од нејзиното најблиско опкружување кои се криминалци уште од раните 1990-ти и ако сега има ветинг, не би го поминале. Значи луѓе кои несразмерно се обогатиле, од кршење на санкциите кон поранешната СР Југославија, кога со фри шоповите на северна граница во еден ден се правеше промет од еден милион германски марки. Мојот имот е на показ, имам анкетен лист, нека проверат колку пари наводно ми префрлиле тие нарко босови. Но, повторувам во тој дел, споредба меѓу мене и неа, меѓу нејзините пајташи, другари што ја поддржуваат сега е невозможна. Значи станува збор за кандидатка која е предложена од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *