Петковиќ: Пораките на Курти, Скопје да се приближи на Косово се безобразлук
Србија, преку директорот на Кацеларијата за Косово и Метохија реагираше на изјавите на косовскиот премиер Албин Курти дадени во Тетово, „Скопје да се приближи кон Косово, Албанија и Бугарија, и да се оддалечи од Србија“, оценувајќи ги како „безобразлук и повеќекратен нонсенс“, бидејќи таквите изјави ги дал кога „отворено се ангажира на дестабилизација на Северна Македонија“, јави дописникот на МИА од Белград.
Петковиќ во изјавата што ја пренесе Канцеларијата за Косово и Метохија, наведе дека Курти допатувал во Северна Македонија да ги подбуцнува најекстремните политички структури на Албанците и да го промовира фашистичкиот проект на т.н. Голема Албанија.






