Култура Македонија Новости Топ Вести

ТОЗИЈА: СЕ РАДУВАМЕ ШТО ПО 4 ГОДИНИ, „М“ ЌЕ ИМА ПРЕМИЕРА НА СИНЕДЕЈС

Со премиерата на вториот долгометражен филм на режисерот Вардан Тозија „М“, на 13 јули, се отвора 22. издание на Фестивалот на европски филм Синдејс во Скопје. Премиерата е закажана во 21 часот во паркот зад Младинскиот културен центар (МКЦ).

Продуцент на „М“ е „Фокус покус филмс“ од Скопје во копродукција меѓу Хрватска, Косово, Луксембург и Франција. Сценариото е на Тозија и режисерот Даријан Пејовски, а кинематографер е Влатко Самоиловски.

Екипата на денешната прес-конференција говореше дека филмот е снимен пред четири години, и дека се радуваат оти конечно, после сите предизвици, филмот ќе ја има својата премиера. „М“ во мај беше прикажан на Канскиот маркет за филмски професионалци.

Тозија, чие деби „Џган“ во 2016 имаше голем успех, вели дека „М“ е дистописка приказна за осумгодишниот Марко, дете кое е затворено во границите, во заштитата на својата магична шума. Низ годините живее, не знаејќи што се случува со светот надвор. Чувано е и скриено од посесивен, строг, опседнат татко, кој секако, знаејќи дека тој е сѐ шо му останало, се труди да со сочува од сознанието за тој свет.

„Сѐ додека еден ден љубопитноста не го натера тоа дете да излезе од границите на шумата, да истражи, да види што има зад тој свет, тој забранет свет. Наоѓа едно другарче и почнува да истражува. Тоа истражување води кон одреден след на настани кои ќе го доведат во една голема авантура“, рече режисерот.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *