Бестселерот “Водена приказна” на новинарот и публицист Александар Кукулев преведен на англиски јазик. Станува збор за мошне емотивна вистинита приказна за Патрик МекКензи пилот на RHAF кој го извел првиот напад со напалм врз позициите на ДАГ, во Егејска Македонија, за време на Граѓанската војна во Грција. “Водена приказна” е четиво кое никако не треба да биде разбрано како уште една од многуте потресни приказни за прогонетите од Егејот, напротив, ова е приказна за пркосот, непокорот но и за последиците што Граѓанската војна во Грција, ги остави врз македонското население од другата страна на границата- вели авторот Александар Кукулев. “Водена приказна” може да се најде во салоните на “Сакам Книги” во Скопје, додека англиското издание од пред неколку дена може да се најде на глобалната издавачка мрежа мрежа Amazon.com.
‘Водена приказна” во издание на ‘Стерна”- Скопје е трет роман на Александае Кукулев, кој доаѓа по приказната за марсејскиот атентат во 1934 “Патувањето на Петар Келемен” и “Како избравме американски претседател” приказната за велешките тинејџери кои лиферувајќи лажни вести, се вмешаа во изборниот систем на САД во 2016 година, кога Доналд Трамп беше избран за 45 -ти претседател на САД, дела кои поради големиот интерес доживеаа две повторени изданија.