Македонија Новости Став Топ Вести

ЦЕНЗУРА ИЛИ, СЕПАК, НЕ, ПРАШАЊЕ Е СЕГА?

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), го осуди повлекувањето на објавен и уреден текст на новинарот и уредник Жарко Настоски, во онлајн изданието на “Слободен печат“. “Новинарите имаат право и обврска да информираат и да отвораат прашања кои се предмет на јавен интерес, особено кога станува збор за сомнежи за евентуална злоупотреба од страна на власта и носителите на јавни функции. Целосно повлекување на објавен текст, не само што негативно се одразува на слободата на информирање и на слободата на изразување туку може да се толкува и како обид за цензура, што е изрично забрането според Устав.

И Здружението на новинарите на Мaкедонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) остро ја осудија постапката на медиумот “Слободен печат“.

Според ЗНМ и ССНМ ваквата срамна постапка сама по себе претставува скандал и грубо прекршување на слободата на говор и професионалното новинарство.

„Новинарите се должни да објавуваат информации што содржат сомнеж за злоупотреби на сите носители на јавни функции, бидејќи на тоа ги обврзува новинарскиот Кодекс во кој јасно стои дека новинарот ќе ги почитува законите во државата, но нема да објави или сокрие ништо што е во спротивност со јавниот интерес. Оттука сакаме да потсетиме дека цензурата во Македонија е забранета со Устав и тоа е јасно пропишано во членот 16 од Уставот на РСМ“,се наведува во соопштението на ЗНМ и ССНМ.

ЗНМ и ССНМ, како еснафски организации што ги штитат правата и интересите на новинарите и на медиумските работници во земјава му даваат целосна поддршка на колегата Настоски.

„Потенцираме дека неговата реакција на оваа цензура е пример за одбрана на новинарскиот интегритет. ЗНМ и ССНМ со своите адвокатски тимови му стојат на располагање на колегата Настоски за бесплатна правна помош“, се вели во соопштението.

Денеска со Соопштение се јави и Медиа директорот и главен уредник на “Слободен печат“- Мирослав Јовановиќ- “Текстот што го објавил Настоски е избришан затоа што е преземен авторски текст од друг веб портал (текстот не е ниту авторско или какво било дело на Настоски) на кого Настоски му го сменил само насловот и без каква било проверка на факти и наводи во текстот, да не зборуваме дека оригиналниот автор на текстот не е спомнат – истиот го објавил на нашиот портал, што претставува грубо кршење на сѐ што е измислено за новинарската професија до денес, обид за манипулација на јавноста, а посебно непридржување кон членовите 1 и 2 од Кодексот на новинарите на ЗНМ на РСМ. Ова е лесно проверливо. Текстот, со сите ризици по СП е избришан по мој налог затоа што според сензитивноста на информациите содржани во него (а непроверени, а објавени од Настоски) претставуваше потенцијална опасност јавноста да се изложи на непроверени и непотврдени информации од оној кој бил должен тоа да го направи – новинарот уредник Настоски. “

Јовановиќ побара и јавно извинување од Здружението на новинари на Македонија и Сојузот на синдикати на новинарите за, како што вели, нивните еднострани соопштенија.

Цензура или, сепак, не, прашање е сега?

Инаку, спорниот текст на (или само “уреден“ од) новинарот Жарко Настоски, објавен пред два дена а избришан неколку часа по објавувањето , со наслов “ Владата полутајно му дозволила на милионерот Дестани да ги спои концесиите за рудник во Струмичко “ е горлива тема за можното реактивирање на проектите за рудници, за што имаше големи протести пред неколку години, а сосема е извесно дека истите ќе се реактивираат од екологистите.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *