Крмов: СДСМ и ДПМНЕ ja растураат Македонија на секое поле – ДУИ е нивниот партнер
„ДПМНЕ последните месеци сиот револт го насочи спрема ДУИ – партија која 10 години им беше партнер, па дури и кога тие имаа апсолутно мнозинство не го исклучија од власта и ги амнестираа ХАШКИТЕ случаи.
Сега одеднаш ги напаѓаат ДУИ и тоа е тактика за во јавноста ДПМНЕ да издејствува наводна победа дека ДУИ го нема, а на мала врата ќе ги гласаат уставните измени и тоа ќе биде фактички уште еден историски ПОРАЗ.
Оваа “победа“ е смешна, бидејќи ДУИ ќе излезе 2-3 месеца од власта, ќе зајакне од позиција на опозиција и на крај која од двете поголеми партии и да победи – повторно ДУИ ќе биде партнер во власта.
Активностите, односно “чистката“ во Собранието на Предлог-законите (закажувањето на десетици седници на ден), укажува на најава за предвремени парламентарни избори.
Веројатно уставните измени би се гласале во јули, шверцерско и валкано како што е праксата, и потоа на есен би следувале избори.
Анкетите се таргетирани со цел да се обесхрабри гласачкото тело во ситуација кога се веќе извесни и уставните измени и изборите.
2020 година анкетите покажуваа дека Левица има 1,3% поддршка, а завршивме со 4,1%. Реалноста е дека сме трета или четврта партија во државата.
Со СДСМ и ДПМНЕ бележиме само опаѓање, растурање на Македонија на секое поле, тие се имаат согласено на сѐ кое доаѓа од нашите “западни ментори“. Тие никогаш не кажале НЕ, други ни ја раководат државата поради нив.
Левица не била никогаш на власт, и онаа ограничена моќ која ја добила во Собранието и Советите во општините – апсолутно покажала дека е единствената принципиелна партија, спремна да се бори дури за народот и на своја штета.”рече пратеникот од Левица, Борислав Крмов, во радио емисијата „Стадион“ на Канал 77: